ВМРО ДПМНЕ-Битола нема капацитет да ги истурка локалните избори, па Александар Николовски им помага дури од Радовиш

ВМРО ДПМНЕ во Битола е во паника откако сондажите на терен покажуваат дека кандидатот Христо Кондовски сериозно започна да привлекува се поголем дел од нивното членство.

На само неколку дена до гласањето, по се изгледа кандидатот за градоначалник Тони Коњановски и кандидатите за советници на ВМРО ДПМНЕ во Битола се деморализирани од ова и чувствувајќи дека го губат теренот побараа помош од централата.

Така, Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ денеска од Радовиш одговарајќи на новинарско прашање без факти и докази изнесе серија обвинувања на сметка на битолската СДСМ и кандидатот за градоначалник Христо Кондовски.

Инаку, на последната анкета на агенцијата СТРАТУМ РиД за рејтинг на Институции и политички партии, 26.1% од граѓаните кои ќе излезат на гласање се определиле за СДСМ, додека за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 23.8% од анкетираните.

Понатаму, на листата следат ДУИ со 11,64 % , пред АА/А со 11,49% и независните кандидати со 11,2 %. На прашањето „

Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори. Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избори?“, повторно во водство е советничката листа на СДСМ со 20,1 %, пред ВМРО ДПМНЕ со 18,3 %.

Понатаму следат ДУИ со 9 %, Алијнсата за Албанците и Алтернатива со 8,8 % и независните листи со 8,6 %.

Истражувањето е спроведено во во последната недела од септември и првата недела од октомври, со директни интервјуа во домаќинствата на испитаницата односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства. Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%.

 

Back to top button
Close