ВМРО ДПМНЕ- Бледо,многу бледо Ковачевски,рејтингот ќе продолжи да ви тоне

„Бледо Ковачевски, многу бледо“, вака опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја започна својата писмена реакција во однос на изјавата на премиерот Ковачевски кој денеска кажа дека неговиот и рејтингот на партијата што ја предводи и Владата, ќе растат во следниот период поради доброто справување со кризата и мерките за помош на граѓаните.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, владејачката партија не направила ништо во изминатите седум години додека е на власт и оттаму, според нив, рејтингот на премиерот „ќе продолжи да тоне“.

Народот нема доверба во власта затоа што сте криминални и не работите ништо седум години. СДСМ е власт седум години и седум години нема никаков напредок, нема развој. Ковачевски знае дека катастрофално ќе изгуби на предвремени избори и затоа бега и се крие зад превезот редовни избори.
Ковачевски само си ја продолжува агонијата и на себе и на народот затоа што тој само ќе тоне во поглед на рејтинг, а на народот затоа што го лишува од промени и развој“,наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ,

Од партијата не отстапуваат од своето барање и уште еднаш го повикаа Ковачевски да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори.

Но, ниту Ковачевски не отстапува од својот став и дециден е дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Тој на денешната прес-конференција во Владата изјави дека е убеден оти во 2024 година повторно ќе има Влада која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.

Back to top button
Close