ВМРО-ДПМНЕ: Богоев го монополизира Беровското езеро, ќе гради хотелски комплекс


Стефан Богоев го монополизира Беровското езеро, ќе гради хотел на брегот на површина од 7.500м2, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека имотот од 7.500 м2, до езеро е купен лани, на 7ми октомври, на само 10 дена пред локалните избори.

„Имотот е сопственост на мајката на Стефан Богоев, и е со намена за хотелски комплекс. Сето ова се случува во Берово, каде локална власт е СДС, партија во која Богоев е потпретседател. Инвестицискиот циклус се случува една година откако Богоев не е веќе градоначалник, односно по 4 годишен мандат во општина Карпош. Со кои пари семејството Богоев ќе го гради хотелскиот комплекс на Беровско езеро и дали истите се легално стекнати? Дали Богоев ја користи позицијата за да го шири бизнисот?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close