ВМРО-ДПМНЕ: Братот на предложениот министер за правда е осомничен за убиството на Дилавер Бојку


За министер за правда, според предлогот за реконструкција на Владата, предложен е Кренар Лога од Алијанса за Албанците. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека предложениот министер за ресорот Правда е брат на осомничениот за убиството на Дилавер Бојку

Дилавер Бојку – Леку, беше познат осуденик за нелегална проституција во селото Велешта, Струшко. Тој, во август 2017 година сред бел ден беше убиен во Струга, пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно го критикуваше начинот на доставување на предлогот за реконструкција на Владата, без притоа како што велат, Собранието да не добие информација дали актуелните министри и заменици-министри се разрешени или си поднеле оставка.

Партијата дополнително го искритикува изборот на министри и заменици-министри предложени за новиот владин состав, особено во ресорот Правда.

„За министер за правда се предлага братот на осомничениот за убиство на Дилавер Бојку. Негова заменичка, пак, ќе биде Викторија Мадиќ, кадар од СДС за сè- поранешен прв секретар на Градот Скопје, за време на поразениот Шилегов, која во јавноста беше позната како новиот Рашковски, бидејќи фирмата на нејзиниот зет добива тендери од над 4 милиони евра од државни институции. Ете братот за осомничен за убиство, и екссекретар на Градот попозната како новиот Рашковски сега се луѓето кои ќе ја водат правдата во Македонија. Ова е доказ дека државата е во распаѓање и дека оваа влада единствено го има мандатот за крадење од Ковачевски и Ахмети, но не и легитимитет од народот“,

изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Дилавер Бојку – Леку, беше познат осуденик за нелегална проституција во селото Велешта, Струшко. Тој, во август 2017 година сред бел ден беше убиен во Струга, пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица.

Инаку, за министер за правда, според предлогот за реконструкција на Владата, предложен е Кренар Лога од Алијанса за Албанците, кој би го заменил досегашниот министер на овој ресор, Никола Тупанчески од СДСМ. На заменик-министерската позиција во Правда, пак, е предложена Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ која би дошла на местото на актуелниот заменик-министер Агим Нухиу од ДУИ.

Предложената реконструкција на Владата, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е резултат на, како што велат „Пазар 3 коалицијата“, а не последица на стабилен договор за развој на земјава. Според партијата, ваквите измени во владиниот состав се прават за да се одржат во живот најнеспособната влада, бизнисите и тендерите, а не да се подобри состојбата во која се наоѓа земјата.

„Додека со месеци се договараат, луѓе умираат поради недостиг на лекови, инфлацијата се зголемува, имаме студена војна со Бугарија. По предложениот состав јасно е дека не договарале квалитет, туку договарале бизниси и тендери“,
изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Back to top button
Close