ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот на градот е блокиран поради неспособноста на Арсовска


Буџетот на градот е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика, ребалансот е изгласан така како што Арсовска сакаше.

Не се вистина тврдењата дека буџетот е блокиран поради ВМРО-ДПМНЕ, туку тој е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика дури и од носење на ребаланс.

Ребалансот е изгласан така како што беше предложен од Арсовска и градот Скопје дополнет со амандмани предложени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за помош на ФК Вардар, за субвенции за социјално ранливи категории, за други инфраструктурни проекти. Ставките од кои се црпеа овие средства се истите кои беа ставени на увид од градот Скопје.

Арсовска е должна да каже зошто е потрошено повеќе средства од тоа што е прикажано, и зошто не ја прифати отворената понуда на поранешниот министер за финансии и актуелен претседател на Совет Трајко Славески да се состави амандман со кој ќе се изнајдат средствата кои се потребни за исполнување на амандманите.
Арсовска свесно го доведе градот во ситуација на блокада за да потоа го обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да политизира нека се стави над ситуација и нека почне да решава проблеми.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close