ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, не се загрозени ниту платите – ниту пензиите

ВМРО-ДПМНЕ ги негира тврдењата на СДСМ од каде денеск ана прес-конференција обвинија дека буџетот е празен, како и дека загрозен е вториот пензиски столб.
„Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги. Еве јасно ќе им кажеме и во оваа прилика, буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања. Ако не слушаат во јавност и не ги гледаат јавните настапи на надлежните ќе им кажеме дека немаат простор за грижа, како што велат. Треба да знаат дека буџетскиот дефицит не треба да го анализира преку апсолутни бројки, туку преку неговото учество во бруто домашниот производ. Само така можат да добијат реална споредба низ годините“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно денеска, опозицискиот СДСМ обвини дека власта системски го уништува пензискиот систем, дека нема пари, дека „дупката“ во ПИОМ е е зголемена на 40% и дека загрозен е и вториот пензиски столб.
Тие се повикуваат на изјава на гувернерот Трајко Славески кој кажа дека 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија.
Кажаа и дека укинувањето или слабеењето на вториот столб значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет – кој, според нив, оваа влада веќе го довела до колапс.






