ВМРО-ДПМНЕ: Дали Ејупи се квалификувала за конзул со тоа што прочитала неколку вести од рубриката „свет“

Дали ТВ презентерката Бесмира Ејупи се квалификувала за конзул во затоа што прочитала неколку вести од рубриката „свет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната информација дека 28-годишната презентерка ќе биде генерален конзул на Северна Македонија во Њујорк.

Од опозициската партија реагираат и на именувањето конзул за Чикаго.

 

 

„СДСМ и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор. Именувањето на конзули во Њујорк и Чикаго е уште една потврда за тоа. Кога јавноста помисли дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира, па на клучни позиции испраќа ТВ водителка и син на еден аналитичар, без никакво дипломатско искуство. Именувањето на Бесмира Ејупи за конзул во Њујорк и Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу за конзул во Чикаго е скандалозно. Според кои критериуми овие лица добиле толку важни дипломатски позиции во САД?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако вчера излезе информацијата за Ејупи, од Владата не потврдиja дали таа како предлог поминала на затворена владина седница во вторникот вечерта.

Back to top button
Close