ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе интерпелација против Џафери

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери за кршење на кодексот за етичко однесување на пратениците, како и, како што смета најголемата опозициска партија, за прекршување на Уставот и Деловникот за работа.

„Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење“ изјави вчера ленката на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Back to top button
Close