ВМРО ДПМНЕ: Димитров е кариерист кој ги заплетка и комплицираше односите со сите наши соседи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета оти поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров е жртва на сопствената неспособност, а не жртва на „злобната“ Бугарија, откако тој денеска на прес-конференција кажа дека не се повлекол сам од функцијата и оти тоа што нема да биде дел од новата влада е резултат на неговите позиции во однос на прашањето со Бугарија.

„Димитров е кариерист кој ги заплетка и комплицираше односите со сите наши соседи и го поларизираше општеството – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека грижата на Димитров за националните и државните интереси освен што е задоцнета е и лажна зашто, како што велат, тој бил првиот што ги продавал кога „СДСМ беше во налет и цврста власт“.

На денешната прес-конференција Димитров рече дека нечиј интерес, и во земјата и надвор од неа, е тој да не биде дел од владата, но и да не биде дома, поради што, како што истакна, добил понуда за амбасадорско место, што го одбил.

Back to top button
Close