ВМРО-ДПМНЕ до Уставен суд поднесе инцијатива за времена мерка: Пасошите и возачките дозволи да важат и по 12 февруари

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за процена на законите за патните исправи и за безбедност на сообраќајот од 2021 година. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција соопшти дека ќе бараат процена на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи и член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Дополнително, во двете претставки се бара Уставниот суд да донесе решение за времена мерка. Односно согласно Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд да го запре извршувањето на оспорените членови на Законите, сè до одлучувањето дали се тие уставни или не. Уставниот суд до сега покажал ажурност за носење на одлуки и очекуваме тоа да се случи и сега. На тој начин ќе се надмине оваа криза којашто е предизвикана од неспособноста на власта, намерна или ненамерна. Имајќи ја предвид состојбата пред пунктовите за фотографирање и за земање на новите документи, имајќи ја предвид состојбата дека нема нови обрасци во МВР, а тендерот е закажан за март месец, половина од луѓето на коишто им биле издадени пасоши и возачки дозволи (само 1,2 мил од 2,5 издадени пасоши досега се сменети) всушност МВР немаат можност да ги заменат документите до 12 февруари, како што предвидуваат овие два оспорени членови – изјави Стоилковски.

Водено, тој вели дека ќе се избегне дополнително компликување и товар врз Собранието или непотребни билатерални комуникации со други држави.

Се надеваме дека Уставниот суд ќе биде агилен и ќе ги земе предвид двете претставки за оцена, но и дека за двата оспорени членови на закон ќе се воведе времена мерка. Во оваа прилика сакаме и да воочиме дека личните карти не се опфатени за промена со краен рок 12 февруари. Тие важат и понатаму за сè што е потребно, па граѓаните да не се изложуваат на понижувања и турканици за промена на лични карти. Рокот е само за пасоши и возачки дозволи. Накусо, за овие три години СДС и ДУИ издавале документи со подолг рок на важење од она што го преземале како обврска во 2018 година, за сега, иако ги имале предвид податоците колку пасоши и возачки дозволи треба да се променат да не преземале навремени мерки и да се остави државата без потребниот број на обрасци во МВР – додаде тој

Back to top button
Close