ВМРО-ДПМНЕ: Додека Данела Арсовска сака да биде инфлуенсерка, претпријатијата и штрајкуваат, а вработените немаат плати
Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема да ја коментираме Данела Арсовска. И посакуваме добро здравје и брзо опоравување. Јасно ни е, а и сите експерти кои ги консултиравме тоа ни го потврдија дека ова нејзино однесување е надвор од нејзината волја и е посилно од нејзе, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата со став „Се надеваме дека ќе се избори со работите кои ја оптоваруваат, и иако ова однесување не доликува на дама, овие зборови, пцовки и изливи на емоции не се нормални, ги повикуваме сепак граѓаните да не ја судат за ова. Нејзиното неработење и грешки како градоначалник се едно, а ваквите изблици на емоции и отскокнување од нормалното и пристојното се сосема друга работа за што се надеваме дека ќе успее да го надмине ова и да се стабилизира. Мандатот за среќа на сите, а и нејзина и завршува“.
„Очигледно и беше преголем товар и не се снајде, правејќи грешки, не работејќи и создавајќи тензии и соработка со најголемите бандити и криминалци од ДУИ, за кои се зборува дека имаат удел во она што таа денес го претставува како личност.
Ние направивме грешка во проценката за нејзе водени од најдобри намери и за доброто на Скопје, за што жалиме и извлекуваме поука, но ваква грешка нема да се повтори и Скопје го чекаат многу проекти, многу работа и многу заеднички успеси на кои ќе се гордеат скопјани и сите ние.
А ова време изгубено да биде поука за сите нас, од која мора да научиме. На Арсовска како личност, и најчовечки со најискрени намери и посакуваме брзо опоравување и излез од оваа внатрешна, емотивна ситуација полна со предизвици во која се наоѓа“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.