ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра за брза пруга Табановце – Гевгелија
„Градежната офанзива којашто е во тек ќе продолжи и со инвестиции во железничкиот сообраќај и изградба на брза пруга. Ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со инвестиција од околу 2 милијарди евра ќе се гради брза пруга Табановце-Гевгелија. Постоечката пруга ќе се реконструира, и ќе се направи уште една паралелна пруга. Во септември ќе стартуваат почетните истражувања на теренот, геолошки истражувања и механизација на теренот за изградба на брзата пруга.
Со брзата пруга предвидено е патнички сообраќај да биде до 160 км на час а товарниот сообраќај до 120 км на час. Граѓаните ќе можат да патуваат за час и пол до Солун, 4 до 5 часа до Виена.
Македонија конечно ќе почне да ја користи добрата местоположба и ќе се впише на мапата на карго Европа. Карго транспортот се предвидува да донесе од 100 -120 милиони годишен приход од товарниот сообраќај.
Брз и ефикасен железнички сообраќај од граница на Србија до граница на Грција. Делницата Табановце- Гевгелија ќе се скрати од 235 км што е моментално, влез излез од државата, се планира да биде 200 и под 200 км. Целта е да имаме брза пруга и брз транспорт.
Инвестицијата ќе биде 30 проценти британска компонента, вградени британски делови кои се по квалитет второ место во светот, а 70 проценти домашни компании.
Согласно проектот ќе има и конектори, Скопје ќе има, ќе се поврзе аеродромот Петровец, конектори во Велес и во Гевгелија, а во втора фаза ќе го се пушти Кочани спрема Штип во Велес за да има како луѓето да доаѓаат до овие централни станици на кои ќе можат да се качуваат за меѓународен сообраќај. Во план се и набавки на возови, локомотиви кои ги задоволуваат европските стандарди.
Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.