ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе “само” 200 амандмани ама немало да го блокира носењето буџет

амамдманоВМРО-ДПМН нема да го блокира донесувањето на Буџетот, ќ0е поднесе „само“ 200

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски во изјава за Телма вели дека и покрај политичката криза и битката за парламентарно мнозинство тие ќе го поддржат дури и на пленарна седница, бидејќи е важен документ за граѓаните.

Утре почнува комисиската расправа во Собрание на матичната Комисија за финансирање и буџет. Бидејќи таа е без претседател, собранискиот спикер Талат Џафери ја назначи заменичката Марија Петрушевска, да ја води комисијата. ВМРО-ДПМНЕ со околу 200 амандмани ќе бара корекции во трошењето на народните пари.

-Буџетот е документ за граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ не планира да го блокира како и до сега што не блокирало ништо што е од интерес од граѓаните. Ќе учествуваме на комисјата. Имаме околу 200 амандмани, кои се однесуваат на заштита на животна средина, чист воздух, енергетика, економија, капитални инвестиции. Ќе го поддржиме буџетот и на пленарна седница, тој е за државата – изјави Никола Мицевски координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Back to top button
Close