ВМРО ДПМНЕ е против Пенов и им забележува на порталите што го фалат

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска, во пресрет на предлогот поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, да биде нов министер за локална самоуправа што премиерот Димитар Ковачевски треба да го испрати до Собранието, оценува дека со овој потег владејачкиот СДСМ го допрел дното со поставување на стар и истрошен транзиционен лик како Пенов за министер на овој ресор.

„Во екот на најголемата светска економска и енергетска криза во последниве неколку декади, во време на несигурност и сериозни предизвици, СДС ја ‘почести’ македонската јавност со уште еден скандал, овој пат во вид на името на новиот министер за локална самоуправа во лицето Ристо Пенов, поранешен градоначалник на Град Скопје – велат од партијата во објава на Фејсбук.
Од партијата го критикуваат пишувањето на, како што велат оттаму, дел од провладините портали кои се обиделе да го величат ликот и делото на Пенов.

„Во овие смешни текстови, кои симултано се појавија на повеќе портали, тие Ристо Пенов го карактеризираат како успешен градоначалник, со измислена титула на „татко на современата функционалност на Скопје“, за понатаму да наведат три-четири по кој (според нив) придонеле за развојот на Скопје. За жал, по којзнае кој пат, СДС и нивните сателитски приклучени партии, целосно ја потценија интелигенцијата на народот, со овој евтин обид за манипулирање на фактите со цел измена на историјата, нешто за што СДС станаа експерти“ велат од опозициската партија.

Меѓу проектите наведени во, како што ги нарекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, „смешни пофални текстови“ за Ристо Пенов, ги посочуваат изградбата на плоштадот „Македонија“ во негово време и изградбата на улицата „Водњанска“.

Back to top button
Close