ВМРО-ДПМНЕ: Епски криминал на Владата, обвинителството да отвори постапка за изборот на надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Груби и Ковачевски треба веднаш да ја поништат постапката за избор на надзорот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10Д и истата да се повтори за да не биде оштетена државата и граѓаните. Велат дека јавното обвинителство не смее немо да го следи овој, како што велат, епски криминал на Владата на СДС и ДУИ и го повикаа веднаш да отвори постапка.

Од скандал во скандал влегуваат Артан Груби и Димитар Ковачевски со надзорот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10Д, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Обвинуваат дека првиот вицепремиер и премиерот ја тргнале компанијата „Ептиса“ од црната листа на компании кои добиваат негативна референца, а на која тие ја ставиле, за потоа нивната одлука да ја повлечат и да ѝ дозволат на оваа спорна компанија да учествува во тендерот за надзор и покрај негативнта референца.

„Следниот скандал кој оваа криминална влада го направи е со промената на спицификациите во тек на самата тендерската постапка се со цел да може сомнителната компанија Ептиса да го добие тендерот. Артан Груби дрско лажеше пред целата македонска јавност дека компанијата Ептиса ја сменила сопственичката структура и сега оваа компанија е со чисто портфолио и за тоа била учесник во тендерот кој на крај и го добила со уште други 3 компании, формирајќи конзорциум“велат од партијата.

Додаваат дека „Ептиса“ од 2016 година е со целосен кинески капитал и менаџмент кој е непроменет изминативе години.

„Ептиса е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот менаџерски тим е составен од кинези. Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија. Ова можеби е еден од ретките, ако не и единствен случај каде што кинеска компанија ќе врши надзор и ќе го контролира работењето на американски гигант, а со тоа и да имаат целосен увид во технологиите на американската компанија. Но кога во прашање е криминалот на ДУИ и СДС нема никакви граници и препреки“сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Во партијата сметаат дека Груби и Ковачевски треба веднаш да ја поништат постапката за избор на надзорот и истата да се повтори за да не биде оштетена државата и граѓаните. Велат дека јавното обвинителство не смее немо да го следи овој, како што велат, епски криминал на Владата на СДС и ДУИ и го повикаа веднаш да отвори постапка.

Back to top button
Close