ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не се иззема од случајот „Онкологија“, Јавното обвинителство да ја испита неговата улога

За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско-обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос кон СДС – наместо да го судат и гонат криминалот и сите засегнати да ги изведат пред лицето на правдата, тие спасуваат од обвиненија или од пресуди луѓе од највисокото раководство на СДС, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

После пресудата за Модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е втор случај каде Венко Филипче, како поранешен министер за здравство во чие време се случија двата немили настани, се спасува од одговорност, посочуваат од владејачката партија.

„Скандалот со Онкологија, кога на клиниката се правел криминал од тешки размери по буџетот и здравјето и животот на луѓето, се случува во време кога Филипче е министер за здравство. Со случајот на Онкологија, кога Филипче е министер, Буџетот е оштетен за износ од над 2,2 милијарди денари. Но, Венко Филипче повторно, ни во овој случај, исто како за Модуларната во Тетово, не е вклучен ни во истражна, ниту во судска постапка, односно во кривичното обвинение. Затоа, легитимно го поставуваме прашањето, дали Филипче има некаков договор со поединци од судската или обвинителската фела, да не биде изземен од одговорност и да не биде повикан ниту на разговор“,се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија, а не како што велат, да го изземаат од случаите настанати во негов министерски мандат

Back to top button
Close