ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не изгради ниту една болница, но гради приватни згради

СДСМ – урбанистичка, ниту се грижи за здравјето и доброто на граѓаните, ниту мисли да сработи за позициите кои што ги заземаа. Во Европа започнува вториот бран на епидемијата, а во Македонија се уште коси првиот бран од корона, реагира пратеникот Иван Јорданов.

– Венко Филипче, наместо да изгради барем една болница, барем да ја довршеше Клиничката болница во Штип, а не цел клинички центар за што лаже повеќе години, тој гради згради заедно со дел од неговите доктори. Болницата во Штип тапка во место, ама зградите на Филипче брзо се градат. Венко Филипче, како министер, се јавува како сосопственик на цела една зграда во скопско Козле. Венко Филипче прво станува сосопственик на семејна куќа, на атрактивна локација, на докторка од Институтот за фармакологија при Медицинскиот факултет, за потоа на местото на семејна куќа да изгради цела зграда од околу 570 метри квадратни. Да биде поинтересно, министерот – инвеститор, ја овластува неговата докторка таа во име на двајцата да врши правна комуникација со институциите при изградбата. Венко Филипче мора да одговори, до кога мисли да гради згради, на сметка на девастирање на здравството? – прашува Јорданов.

Back to top button
Close