ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со кадри како Наумоски и Крајовски потврдува дека во СДСМ ништо не е сменето

Колку и да се обидуваат да ја прикажат како обнова, сликата за СДСМ е јасна, а тоa е дека СДС е партија што не тоне од грешки туку од сопствена убеденост дека јавноста нема меморија и дека истите луѓе на Заев можат повторно да се продадат како решение, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Александар Наумоски и Драган Крајовски се старо новите лица во Извршниот одбор на СДС и ова докажува дека не е кадровска одлука, туку признание дека СДС нема намера да се откаже од моделот на Заев.

Наумоски, поранешен градоначалник на Ѓорче Петров, дозволи во својот мандат граѓаните да се соочуваат со недостиг на вода, деца за кои немаше место во градинките низ општината и со депонија што со години беше проблем. Но, затоа уште првиот ден од мандатот најде време да си ја зголеми градоначалничката плата и да се обиде да протурка 25 урбанистички планови последните 6 месеци, со брзина што никогаш не ја покажал кога станувало збор за јавен интерес.

Тендерските шеми што го следеа неговиот мандат, вклучително и набавката на две машини за перење за градинка, по цена од 25.500 евра од фирма која редовно добивала тендери.

Крајовски, пак, како директор на затворот „Црн мост“ во Битола, го демонстрираше она што СДС најмногу го цени, способноста да се молчи. Молчеше кога во ќелија изби пожар и беше повреден затвореник, молчеше кога европските пари за реновирање завршија во објект што почна да се распаѓа по две години и молчеше кога службените возила ги користеше за приватни патувања во Албанија и Србија.

И потоа, со сериозно лице и ароганција по телевизиски настапи, Венко Филипче сето ова го претставува како “реформски капацитет“, и комплетно ја потценува јавноста.

Очигледно Филипче сака да порача дека не бара излез од моделот на Заев туку преку тоа што се обидува да продава стари лица како нова енергија, се обидува да го нормализира влијанието на Заев во партијата.

СДС очигледно одамна се откажа и од логика и од срам, а овие две старо нови лица се показател дека во партијата ништо не е сменето.

Back to top button
Close