ВМРО-ДПМНЕ ги враќа амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево, Софија и Подгорица – не се по меракот на Мицкоски?
Амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево, Софија и Подгорица ќе треба да се вратат во земјава, бидејќи пред заминувањето не реферирале пред собраниската Комисија за надворешна политика. Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја изгласа иницијативата поднесена од нивниот колега, Бојан Стојановски до Законодавно правната комсија, чии претседател Аалександар Велјановски е исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во иницијативата за автентично толкување на членот 39 став 3 од Законот за надворешни работи доставена од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски напиша:
„Со оглед на одредбта на текстотво кој се наведува дека амбасадорот “ги презентира своите согледувања… „барам соодветно толкуквање , односно дали тоа значи дека навнедената одредба е идуноератувеб карактер и без исполнувањето на оваа оббрска не може да биде потпишан указот за поставување на амбасадорот и да биде упатен во земјата на прием (предвиден како следен чекор во постапката во член 40 од Законот за надворешни работи) или пак истата е од факултативен карактер и не претставува обврска која мора да биде исполнета пред потпишувањето на указот за поставување наамбасадори од страна на претседателот на државата“, пишува Стојановски во своето барање.
Кога амбасадорите заминаа на своите мисии како амбасадори, не можеа да реферираат затоа што претседател на Комисијата за надворешни работи беше поранешниот опозициска пратеник, Антониот Милошоски кој со години не свикуваше седница на која беа повикни кандидатите за амбасадори за да ги претстават тезите. Доколку Милошоски, ја закажеше Комисијата за надворешни работи истата тој лично ја прекинуваше без да можат кандидатите за амбасадори да реферираат. Во меѓувреме Комисијата одржуваше седници за други прашања поврзани со надворешната политика, но кандидатите за амбасадори никогаш не беа повикани.
Инаку со оглед на распоредот на силите во Собранието извесно е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгласаат амбасадорите да се вратат дома.
Во оваа група на амбасадори спаѓаат: Мето Белески(Брисел), Катерина Ставревска (Лондон), Џенк Сејфула (Шведска), Пајо Авировиќ (Мисија на ОН во Виена), Емил Крстески (Прага), Јакуп Реџепи (Сараево), Агнеза Руси (Софија) и Зеќир Рамчиловиќ (Подгорица). Освен овие амбасадори предвреме се враќаат и Љубомир Фрчкоски, на негово барање, од Мисијата во ОН во Њујорк и Андреј Жерновски, кој веќе е повикан на консултации од Букурешт, Романија и веројатно нема да се врати назад. Во Скопје се врати и Весел Мемеди од Рим, и за него веќе е потврдено дека ќе остане дома.
На почетокот на идната година ќе се вратат уште седуммина за претседателката Гордана Сиљановска Давкова минатиот месец потпиша указ за отповикување.
Станува збор за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји и две организации. Меѓу нив е и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО со седиште во Брисел, Дане Талески, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025, додека на останатите шестмина мандатот ќе им заврши на 30 ноември годинава.
Меѓу останатите отповикани амбасадори е и Данчо Марковски во Албанија. Тој изминатиот период беше повикан на разговор од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во однос на активностите на македонската дипломатија во врска со пописот на населението што беше спроведен во Албанија.
Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.
Од 1 декември престанува мандатот на Теута Агаи Демјаха, која е шефица на постојната мисија на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации во Женева.
Одлуката на Законодавно-правната комисија е донесена со 8 гласови „за“, еден „против“ и ниту еден воздржан откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски поднесе иницијатива за автентично толкување на член од Законот за надворешни работи, а Владата даде позитивно мислење.(Рацин)