ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот врз новинарот Златев

 

Најжестоко го осудуваме нападот врз новинарот Љупчо Златев, институциите да го расчистат случајот

Најжестоко го осудуваме нападот врз новинарот Љупчо Златев, кој е последица на неговата новинарска работа и пишан збор.

Физичкиот напад врз новинар е брутално газење на демократија и слободата во земјата, кој е последица на криминално политичко подземје.

Бараме институциите во најбрз можен рок да го расчистат случајот и да ги казнат сторителите.

Слободата на изразување е уставно загарантирано начело и не смее да биде загрозено од никого. Власта е должна да спроведе ефикасно владеење на правото.

Насилството врз новинарите не смее да остане неказнето, зошто така станува пракса.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Back to top button
Close