ВМРО-ДПМНЕ го сака Таравари на чело на Алијанса за Албанците

Арбен Таравари е преференција на ВМРО-ДПМНЕ за челната позиција на Алијансата за Албанците, бидејќи Зијадин Села се доживува како радикал и ова ја хендикепира ВМРО-ДПМНЕ пред нејзиното гласачко тело кое исто така е радикално, вели политичкиот аналитичар Фатон Алити.

– Видлива е кампањата во медиумите кои се наклонети кон албанската опозиција за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ како реформирана партија и со друг пристап кон колективните прашања на Албанците. Со ова може да заклучиме дека ако Таравари не дојде на челната позиција на АА ќе биде тешко да се постигне предизборна коалиција помеѓу АА-БЕСА и ВМРО-ДПНЕ, (меѓудругото и поради персоналното нетрпение меѓу Касами и Села), а ДУИ ќе остане не истата позиција, нагласува Алити.

Back to top button
Close