ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Советот на Општина Македонска Каменица
![sdsm-sedishte](https://fokus.mk/wp-content/uploads/2020/09/sdsm-sedishte.jpg)
Двете партии имаат по четири советници, а има и тројца независни советници кои во Советот влегоа од две независни листи
Тројцата независни и четворицата од СДСМ, како што соопштија од партијата, го смениле и претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ и храбри независни советници се ново мнозинство во советот на општина Македонска Каменица. Разрешен е досегашниот претседател од ВМРО – ДПМНЕ Љупчо Трајановски. Со 7 гласа за и 4 против за претседателка на Советот е избрана Анета Стојчевска. Ова се случува само една година по локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство во повеќето општини во државата, велат од СДСМ.
Инаку градоначалникот на Македонска Каменица е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.