ВМРО-ДПМНЕ: Груби давал државни пари на фирмата на братот Ветон Груби

Според документите од отворени финансии може да се увиди како Артан Груби од позиција на министер му исплаќа средства на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека В=вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над еден милион денари.

-Од 2020-тата до 2022 година, во точно 8 наврати владините институции односно министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје.

ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје е фирма која во период од 2016-та до 2020-та година има минусно салдо. Поточно фирмата на братот на Груби работела во загуба.

Груби ја докажува нераскинливата врска со неговиот брат, при што и со народни пари сака да го збогати.

Артан Груби за ова треба да одговара пред законот, а ЈО да се одважи и веќе да не молчи, порачаа од партијата.

Back to top button
Close