ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за косовската ОВК

t

Комисијата за надворешна политика немаше кворум за резолоцијата да биде ставена на дневен ред, а опозициските пратеници Албанци обвинија дека отсуството на пратениците Македонци е тенденциозно и најавија дека нема да се откажат од резолуцијата

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за поддршка на водачите на косовската ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими – на кои Судот во Хаг им суди за воените злосторства, поднесена од Европскиот фронт предводен од ДУИ. Поради нивното отсуство, во Комисијата за надворешна политика немаше кворум за резолоцијата да биде ставена на дневен ред. Опозициските пратеници Албанци обвинија дека отсуството на пратениците Македонци е тенденциозно и најавија дека нема да се откажат „резолуцијата за почитување на стандардите за правична постапка во меѓународното судење на поранешните раководители на косовските институции“ да ја стават на дневен ред.

И додека партиите на Албанците жестоко реагираат за блокадата на резолуцијата за ОВК, речиси две години албанскиот политички блок ја блокира Комисијата за социјална политика за да не помине законот за бранителите.

-Отсуството не е случајно бидејќи се работи за многу чувствителна точка. Отсуството на пратениците по етничка основа е за да се саботира работата на Комисијата и резолуцијата да не биде ставена на дневен ред. Ова е организирано отсуство. Комисијата има надлежност да одлучува за резолуцијата и вие како претседавач треба да го истакнете тоа. Резолуцијата е во насока дека е постигната слобода за цел народ, а другите сакаат да ги изедначат жртвите и агресорите. Србите биле агресори. Тоа беше праведна борба и никој не може да ја оспори. Во Судот во Хаг се прави неправда на тие што извојуваа слобода. Пратениците кои се отсутни требаше да дојдат и можеа да кажат дали се против резолуцијата, а не да ја саботираат на недемократски начин. Некоректно е бидејќи дојдоа до вратата на Комисијата и не влегоа – рече пратеникот Скендер Реџепи.

Реџеп Исмаил од Левица рече дека се претпоставувало дека ќе се случи ваква ситуација бидејќи Левица една година се обидува декларацијата за Палестина да дојде на дневен ред.

-Претседателот на комисијата не ја става на дневен ред. Вие сите игравте по тактиката на престедателот, со тоа што ако не се најде на дневен ред, нема да се најде ни на пленарна седница. Во иднина попринципиелно да се водат комисиите зашто сега истото се случува и со вашиот предлог – рече Исмаил.

Реџеп Исмаил Фото: Принтскрин
Претседателот на Комисијата, Муса Џафери, рече дека тој нема право на вето, односно тој не одлучува за точките на дневен ред и тврди дека резолуцијата за Палестина ја ставил на дневен ред, но дека таа не поминала.

-За декларацијата за Палестина отсуствуваше политичка волја кај пратениците кои се мнозинство, но и кај другите пратеници. Политички став е да не се изјаснат и да апстинираат од Комисијата – рече Џафери.

Муса Џафери Фото: Пронтскрин
Исмаил му реплицираше дека како претседател на Комисијата немал исти аршини за декларацијата и сега за резолуцијата. Реџепи одговори дека денеска е битна резолуцијата бидејќи водачите на ОВК „бесправно“ се во затвор и дека со резолуцијата се бара да се обезбеди меѓународна правда. Илире Даути од Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села рече дека има тенденција да се оцрни војната која била за слобода и за независност.

– Со резолуцијата ќе му кажеме на светот дека знаеме да се бориме за правдата, ќе кажеме дека таа била чиста војна. Но ова е класично игнорирање од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Беа убиени 1.133 деца во шовинистоичката војна на Србија, беа силувани 20.000 жени и девојки и 6.000 лица се исчезнати. До денес 1.600 не се знае каде се. Ве молам, дебатата да биде во врска со ова прашање. Игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ е недемократски. Обврзани сме во деновите кои следат да се обединиме и да се донесе резолуцијата и со тоа да се соединиме со веќе донесените Резолуции во Албанија и во Косово, бидејќи ова е многу заначајна и болна тема. Сега се суди на независност на Косово. Хашим Тачи ја прочита деклараџијата за независно Косово. Станува збор за една од најправедните војни во светот. Сите војни кои Албанците ги воделе биле за да се заштитат децат, жените, не дозволувајте да се девалвира дебатата- рече Даути.

Исмаил реагираше до претседателот на Комисијата да не навлегуваат во материјална расправа, бидејќи точката не е ни ставена на дневен ред. Џафери рече дека констатирал оти нема пратеници за да се одржи седницата и дека пратениците говорат процедурално.

Мерита Колчи Коџаџику од Вреди кажа дека иако не се потпишале, ја поддржуваат резолуцијата.
Рина Ајдари од Европскиот фронт констатира дека отсуството на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ е тенденциозно и дека требало да дојдат и да се изјаснат дали се за или се против. На Коџаџику од Вреди ѝ рече дека прават маркетинг бидејќи ако ја поддржуваат резолуцијата, тогаш треба и да се потпишат.

-Да поддржиш, а да не се потпиштеш е политички маркетинг. Се плашите да се потпишете за толку важно прашање зашто ви е страв да не ја доведете во прашање коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Треба да сте искрени сами со себе и со јавноста, вака ова е само политичка игра – рече Ајдари.

Back to top button
Close