ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ги договориле општите начела за соработка на идната влада

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Ова било договорено, според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба меѓу нив и коалицијата „Вреди“, додека уставните измени не се споменати.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Заклучено било дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање.

 

Back to top button
Close