ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на СДСМ и ДУИ ќе трае кратко
Иако Заев сè уште не е вратен на премиерската функција, откако во јануари годинава беше избрана техничката влада, од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека во време на економска и здравствена криза владата на Заев овозможува поголем приход за приватни компании на грбот на граѓаните“.
-Зоран Заев и СДСМ единствено се грижат за своите бизниси. Доказ за тоа е континуираната трицифрена бројка на новозаразени од ковид-19. Македонија, поради негрижата на владата на СДСМ, е рекордер во новозаболени и смртни случаи од коронавирусот. За граѓаните веднаш по изборите следуваше нов шок, зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 проценти. Ако цената на електричната енергија останеше иста, енергетските компании во 2020 година ќе оствареа приход од: 16.106.756.099 денари. Со зголемувањето од 7,4 отсто, овој приход за истата енергија ќе биде 17.303.879.863 денари. Разликата поради зголемување на цената изнесува 1.197.123.764 денари што претставува скоро 20 милиони евра. Неспособноста на власта се гледа и по пропаѓањето на Еуростандард банка – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.