ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт
„За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет. А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше 200 години затвор за 27 април и стана преку ноќ уставен судија со што покажа дека е обичен апаратчик на минатата власт“ реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ по соопштението од Уставен суд.

Велат „Таа не само што беше поддржувач на неправдата, туку нејзин активен чинител“.
„А судската тога и наметка не ја прави добар судија, туку одлуките со кредибилитет кој Кацарска ги нема“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.






