ВМРО ДПМНЕ: Кандидатурата на Силјановска е поднесена со потписи на пратеници бидејќи тоа е само “протоколарна работа”

Прашањето за поднесената кандидатура на Силјановска-Давкова без граѓанските потписи го отворија од таборот на нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ, од каде што прашаа зошто кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ се одлучила на ваков потег и дали воопшто ги собрала потребните граѓански потписи, како што тврдеа од партијата

„Тоа е од причина што станува збор за протоколарна работа. Инаку, професорката Силјановска-Давкова собра над 20 000 граѓански потписи, што доволно говори за поддршката што ја има од граѓаните за нејзината кандидатура за претседател на државата“ изјавиле од ВМРО-ДПМНЕ за 360 Степени.

Back to top button
Close