ВМРО-ДПМНЕ: Категорично ги отфрламе пишувањата на некои портали како неточни и тенденциозни, дека премиерот Мицкоски наводно бил на партиска трибина, додека државата се соочува со пожари
Во врска со написите во неколку интернет портали дека премиерот Мицкоски наводно бил на партиска трибина додека државата се соочува со пожари, категорично ги отфрламе ваквите неточни и тенденциозни тврдења.
Вистината е следна:
– Кризниот штаб заседаваше вечерта, како што беше најавено, под раководство на премиерот Христијан Мицкоски.
– Премиерот пристигна на трибината во Куманово со задоцнување, токму поради претходната обврска со Кризниот штаб.
– За одлуките на кризниот штаб информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пожарите се сериозен предизвик и Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, заедно со сите надлежни институции – Армијата, Полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК – се целосно мобилизирани и се постојано на терен. Премиерот е директно вклучен во управувањето со кризата и лично им изрази благодарност на сите ангажирани служби.
Објавувањето на дезинформации во моменти кога државата се бори со сериозни природни непогоди е не само неетички, туку и штетно за моралот на луѓето што се борат на првата линија.
Ги повикуваме медиумите на професионално и точно информирање. Наместо евтини сензации, на Македонија ѝ треба одговорност и обединетост.
Линк од фб објава: