ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела да го реши проблемот со превозниците

Коалицијата Тачела да го реши проблемот што сама го креираше, не исплаќајќи им ги заработените средства на приватните превозници. Скопје е жртва на бизнис-интересите на коалицијата Тачела, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата Тачела да го реши проблемот со превозниците што сама го креираше, по Ленин да се повлече и Сталин, а не да се закануваат дека со специјалци ќе газат луѓе, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Коалицијата Тачела обединета околу бизнис-профитерските интереси функционира на дело. По Ленин треба да се повлече и Сталин, односно наместо закани дека превозниците ќе се прегазат со специјална полиција, да излезе коалицијата Тачела со решение за јавниот превоз. Коалицијата Тачела да го реши проблемот што сама го креираше, не исплаќајќи им ги заработените средства на приватните превозници. Скопје е жртва на бизнис-интересите на коалицијата Тачела“,се додава во соопштението.

Претходно денеска владејачкиот СДСМ испрати соопштение во кое се вели дека Христијан Мицкоски е главниот инспиратор и режисер на хаосот што му се случува на главниот град.

\

 

Back to top button
Close