ВМРО – ДПМНЕ: Костадинов негира, Заев потврдува дека имало преговори во Софија
Соопштение до јавноста
СДСМ како раштиман оркестар, Костадинов негира, додека премиерот во заминување Заев во изјава за медиум потврдува дека имало преговори во Софија. Според нашите информации на сама било раскрчмување на татковината, идентитетот, јазикот и историјата
Два дена молк од Заев, Димитров и Османи за средбите во Софија.
Зоран Заев и оваа пазарџиска власт не и одговорија на македонската јавност за што се преговараше овој викенд помеѓу македонската и бугарската делегација во Софија.
Дали премиерот во заминување ладнокрвно ги распродава македонскиот идентитет, македонската историја и македонскиот јазик, на тајни средби во Софија. Македонската јавност мора да ги дознае сите велепредавства кои ги прави оваа влада на чело со квислингот Заев.
Јасно е како бел ден дека Заев се ќе направи, и се ќе прифати, за само тој да си ја спаси својата политичка кариера на штета на националните интереси на државата.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор или патоказ кој е на штета на Република Македонија. Договори кои ќе значат газење на црвените линии, откажување од македонската историја, македонскиот јазик и идентитет. За овие работи нема пазарање, овие работи немаат цена.
За сите распродажби на националните обележја квислингот Заев еден ден ќе одговара.
Затоа Зоран Заев мора да си замине за да дојде слободата на народот. Оставка на Заев за заштита на националните интереси.