ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да побара рамноправност и заштита за Македонците во Бугарија

Не стивнуваат реакциите по вчерашната посета на бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков во Битола, каде се отвори клуб во рамки на културниот центар „Ванчо Михајлов“. ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Димитар Ковачевски да побара од Петков отворање на македонски клубови во Благоевград и Сандански.

„Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Благоевград и Сандански. Ако и Петков е за добрососедство тогаш ќе отвори македонски културни клубови во Благоевград, Сандански или Софија. Ковачевски да побара и рамноправност и заштита за македонците во Бугарија“,се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека време е Ковачевски „да почне да се грижи за македонските интереси“.

„Наместо да ги минира позициите на Македонија со прифаќање на веќе одбиени предлози или кој знае што уште не прифатил, нека почне да се грижи за македонските интереси и црвени линии исцртани со Декларацијата од Собранието. Дополнително пред да прифати било што и Ковачевски и Османи треба са ги информираат граѓаните, а не обратно“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Back to top button
Close