ВМРО ДПМНЕ- Ковачевски и Арсовска на тајните средби нека договорат мерки за почист воздух

Ковачевски на средбите со Јакимовски и Арсовска, освен тендери може да договори и некоја добра работа за граѓаните како што е почист воздух, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Нема потреба од вонредна седница, Ковачевски и Арсовска на тајните средби, покрај тендери, нека договорат за народот мерки за почист воздух, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ на денешната најава од советничката група на владејачката СДСМ и коалицијата дека на вонредна седница на Советот на Град Скопје ќе предложат мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух.

„Сите мерки кои ги има Јанчева или некој советник од СДС може да му ги даде на Ковачевски, кој е во тајна коалиција со Арсовска, и заради која соработка ВМРО-ДПМНЕ ја повлече поддршката за градоначалничката. Ковачевски на средбите со Јакимовски и Арсовска, освен тендери може да договори и некоја добра работа за граѓаните како што е почист воздух“,се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека дури и во СДС до сега требаше да сфатат дека нивниот претседател е во коалиција со Арсовска, а плод на истата е и директорот на ЈСП, кадар на СДС, претпријатие преку чие ефикасно делување може да се намали загадувањето.

„Очигледно е дека во СДС не се знае кој што прави, па Јанчева или го опструира Ковачевски, или тој го опструира цело СДС, може тоа е и плус причина зошто пратениците му бараат избори, а тој бега“,се додава во партиското соопштение.

Back to top button
Close