ВМРО-ДПМНЕ: Крајно време е Филипче да облече бел мантил и да се соочи со реалноста

ВМРО-ДПМНЕ денеска се обрати од пред министерството за здравство. Членот на ИК на партијата, Марија Андоновска, му остави бел мантил на Филипче, и порача наместо да шири популизам, да отиде меѓу здравствените работници и пациенти.

„Крајно време е министерот Венко Филипче да облече бел мантил, да се соочи со реалноста и да оди помеѓу здравствените работници и пациентите каде што му е местото.

Ако Венко си го заборавил белиот мантил, поради неговите прес конференции, денес ние му подаруваме еден.

Не случајно мантилот е за еднократна употреба.  Исти вакви мантили здравствените работници ги носат во текот на целиот ден или по неколку дена, дури и мораат да ги хефтаат, лепат кога ќе се скинат, затоа што немаат други.

Колку време може да работи министерот со мантил за еднократна употреба, а тоа да не се само прес конференции?

Борбата за лична заштитна опрема за медицинските лица трае од почетокот на епидемијата.

Доста ни е веќе од неговиот ПР!

Срамота е и крајно безобразно да вели дека се е под контрола, а од друга страна луѓе умираат чекајќи брза помош, молат за кислород, за  терапија или за прием во болница!

За сето ова мора да има одговорност!“, рече Андоновска.

Back to top button
Close