ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на власта се премалку и задоцнети

Соопштение  на ВМРО ДПМНЕ:

Новите мерки кои ги предложи власта на СДСМ и ДУИ се задоцнети и премалку за справување со кризата.

Дел од таканаречени мерки се само советодавни кон граѓаните, или мерки кои треба месеци за нивно реализирање. На граѓаните не им треба гол популизам, туку видливи и реални мерки кои ќе им помогнат да го пребродат овој кризен период.

Нема нови странски инвестиции, нема инвестиции во капитални проекти, оваа криминална власт мисли само на грабеж, тендери и партиски вработувања на грбот на сите граѓани.

СДСМ и ДУИ се обидуваат со доделување по 1000 денари месечно да ги прелажат пензионерите и граѓаните.

За разлика од Македонија, каде што изминативе 4 години нема ниту една нова странска инвестиција, реализацијата на капиталните проекти е на најниско ниво, инфлацијата ќе достигне двоцифрена бројка, нашиот северен сосед, Србија изминативе години отвори нови 250 фабрики од над 3.9 милијарди евра инвестиции, а на секој полнолетен граѓанин во оваа криза им даде по 100 евра, а на пензионерите по 170 евра.

Власта на администраторот Ковачевски не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати за 50% и веднаш да се намали цената на горивата за 13 и 9 денари, туку понуди комплициран модел кои никој не го разбра и не гарантира дека ќе допринесе за намалување на цената на дериватите.

Ја повикуваме власта, доколку сака да им помогне на граѓаните да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата.

СДСМ и ДУИ покажуваат целосна отсутност од реалноста, и затоа Македонија е во толку длабока криза. Оние коишто се главните предизвикувачи на кризата не може да бидат дел од решението.

Најдобар излез од кризата е оваа неодговорна и криминална власт што побргу да си замине. Најрационално решение се брзи парламентарни избори.

Back to top button
Close