ВМРО-ДПМНЕ: Митко Андреевски добил тендери за гас во Струмица од 3,5 милиони евра

Мафијашкото трио од Струмица Заев-Китанов-Андреевски го цедела буџетот на општина Струмица и граѓаните на Република Македонија од 2011 година до денес, така што Андреевски во изминатиов период преку неговата фирма Си Ен Џи системс добил тендери за набавка на гас во општина Струмица од над 215 милиони денари, односно над 3.5 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енергетика во СДСМ, обелодени дека лидерот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот татко биле ангажирани како ревиденти и консултанти на проекти на ЕЛЕМ.

„Митко Андреевски ја почнува својата соработка со Струмица гас, ЈП формирано од општина Струмица во 2011 година, кога со неа управува Зоран Заев, како градоначалник, а директор на претпријатието е Зоран Китанов, сегашен директор на ЈП Државни патишта. Тие во 2011 година му овозможиле на Андреевски бизнис од 153 милиони и 750 илјади денари, односно над 2.5 милиони евра. Со овој договор Зоран Заев ја оштетил општинската каса со набавка на гас по цена од 24 денари, кога истиот во тоа време од АД ЕЛЕМ за потребите на Скопје бил набавуван за 13 денари, доколку се претпостави дека и АД ЕЛЕМ на сумата од 13 денари имала профит, тогаш доаѓаме до заклучок дека струмичани плаќале 2 пари поскап гас од остатокот од светот“, велат од ДПМНЕ

Back to top button
Close