ВМРО-ДПМНЕ најавува кривична за градоначалникот на Гази Баба

По маратонската седница на Советот на Општина Газа Баба, која траела околу 30 часа, опозицијата го обвини Георгиевски дека го преземал Советот и донел одлука да се гласа за ребаланс на општинскиот буџет со што, тврди ВМРО-ДПМНЕ, ја злоупотребил положбата. Градоначалникот, пак, ја обвинува опозицијата за блокади

ВМРО-ДПМНЕ вечерва најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, и советниците кои гласале за ребаланс на буџетот обвинувајќи го градоначалникот за злоупотреба на службената положба.

Причината велат дека е тоа што незаконски била донесена одлука да се гласа за ребаланс на општинскиот буџет, втор во рок од 20 дена.

„Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и украде 150 милиони денари од општинската каса на Гази Баба. Со една цел-изборен поткуп. Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за градоначалник миленик на Заев. Георгиевски ја злоупотреби својата службена положба и овластување, и на насилен начин спротивно на закон донесе одлука за гласање на ребалансот на буџет, иако не е претседавач на советот“,

рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на вечерашната прес-конференција.Додека ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ребалансот значи кражба на околу 150 милиони денари, Георгиевски ја обвинува опозицијата за блокади кои по маратонската седница биле надминати и биле обезбедени нови речиси 150 милиони денари.

„И покрај сите паузи, процедурални дискусии за се и сешто, и оваа блокада ја поминавме. Само за ваша информација седницата започна вчера напладне од 12 часот, а дневниот ред го донесовме дури во 19:30 часот, по што заседаваа комисиите, а седницата се одржуваше до раните утрински часови до 06:30 часот, додека продолжението на истата започна денес во 10 часот. Сите овие години, немало и нема да има, ниту една блокада која може да не спречи мене и советниците од СДСМ и коалицијата да работиме“,

вели Георгиевски.Градоначалникот на Гази Баба синоќа на седница на Извршниот одбор на СДСМ беше потврден за кандидат за нов мандат на претстојните локални избори во октомври.

Back to top button
Close