ВМРО-ДПМНЕ: Народот ќе плаќа над 300 денари повеќе за парно месечно

Заради неспособноста и крадењето на Димитар Ковачевски народот ќе плаќа над 300 денари повеќе за парно месечно.

Денешната одлука на РКЕ за поскапување на парното за скоро 15% е резултат на неспособноста и крадењето на Ковачевски да обезбеди поевтин гас за потребите на државата.

Ова покачување значи околу 4.000 денари повеќе за парно за еден двособен стан, а и над 6.000 денари повеќе за семејствата со трособен или поголем стан.

Народот ја плаќа неспособноста на Ковачевски, но и неговата желба за криминал преку енергетскиот сектор. Затоа и ЕЛЕМ ќе биде претпријатието кое ќе управува со производството и дистрибуцијата на топлинска енергија, на чие чело е Васко Ковачевски, чија неспособност веќе ја чини Македонија над 250 милиони евра годишно, на име увоз на скапа струја.

Димитар Ковачевски како премиер не успеа да обезбеди еден енергенс по нормални цени, ниту струја, ниту гас, ниту мазут, ниту јаглен.

Не само Србија, туку и Унгарија, Австрија, Германија, Италија, и сите други европски земји плаќаат поевтин гас од Република Македонија.

Со СДСМ и Димитар Ковачевски зимата ќе биде долга и тешка, а народот ќе ја плаќа нивната неспособност и криминал.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close