ВМРО-ДПМНЕ: Назначувањето на Бучковски е очаен обид да се најде жртва за да се препише поразот на Заев

 

Кадарот Владо Бучковски не е никаков скриен ас на Заев во преговорите, туку очаен обид да се најде жртва кому ќе се препише поразот на политиките на премиерот во заминување Зоран Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Назначувањето на Владо Бучковски е и потврда дека во СДСМ врие и на овој начин Заев преку доделување на функции се обидува да најде сојузници да ја зачува својата фотелја бидејќи со погубните политики не само што се доведува во прашање егзистенцијата на премиерското место туку и на претседателското во СДСМ- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, наместо замајување на јавноста со стари и истрошени кадри Заев треба да одговори за што точно тајно преговара со бугарската влада овој викенд и дали е се тргува со историјата, јазикот, македонското малцинство идентитетот.

-Зошто Заев отфрли постигнување на национален консензус за ова прашање и зошто се плаши од национално единство во разговорите со Бугарија? прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close