ВМРО-ДПМНЕ не разговарала за непослушност од страна на градоначалниците


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на Телевизија 24 рече дека досега во партијата не се дискутирало за евентуална граѓанска непослушност која би се спровела од страна на градоначалниците.

Сепак, додаде дека во моментов не може прецизно да каже кои чекори би ги презела партијата во наредните месеци.
-Не сме разговарале за граѓанска непослушност спроведена од страна на градоначалниците. На ниту едно партиско тело или орган. Не можеме да зборуваме прецизно што точно ќе се случува во наредните месеци, затоа што работите диначно се менуваат. Можам да ви кажам дека летово ќе протестираме, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека четврток е исклучително важен ден, бидејќи врз основа на тоа што евентуално ќе се случува на Самитот, ќе може да се види каква ќе биде архитектурата во Европа.

„Тоа ќе биде можеби најинтересниот ден во последните десет години во Европа, на европско ниво. Не за нас интерно, ама на европско ниво, секако. Можеби најинтересниот ден. Потоа ќе видиме каква ќе биде архитектурата на Европа, ќе можеме да разбереме што не очекува и ќе можеме да го видиме своето место или подобро да го разбереме своето место. Не потценувајќи се себеси, но и не преценувајќи ги ниту нив, ниту нас“,

Back to top button
Close