ВМРО-ДПМНЕ: Нема да признаеме попис кој ќе биде предмет на политички договор

 

реакција на прес-конференција на Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ

Заев да се откаже од намерата за талибански попис

Зоран Заев нека избрише од глава дека може да организира талибански попис и дека тоа ќе му помине.

Пописот е најголема статистичка операција и податоците кои ќе произлезат од истиот се од витално значење за креирањето на политиките на институциите на среден и долг рок.

Пописот не смее да се сведе на паушална работа, која ќе се спроведе со политички договор.

Со самиот факт што Заев ја исклучува јавноста и не прифаќа предлози на опозицијата укажува дека тој нема намера да спроведе реален попис.

Заев мора да знае дека само попис со терминали со отпечатоци од прсти ќе се утврди реалната состојба, се друго ќе биде штелуван попис.

ВМРО-ДПМНЕ попис по диктат на власт, кој ќе биде предмет на политички договор нема да признае.

Со почит

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close