ВМРО-ДПМНЕ: Немамe бизнис врски со Орбан, сите се официјални договори

Венко Филипче, верен чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС заедно неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега.

Да му објасниме што значи тоа.

Прво, нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија.

Второ, има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Можеби Филипче со неговиот ментор Заев работел така па мисли сите работат тајно и криминално.

 

Оттука, Филипче нека се свести и нека се фати за неговата примарна задача, а тоа е да ја оттргне СДС од Заев, поточно да се огради јасно од неговите криминални бизнис врски, криминални зделки и слично.

Надлежните институции во правосудството треба да постапуваат по се што е изведено во јавноста како информација, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close