ВМРО-ДПМНЕ официјално ја поднесе интерпелацијата за Џафери

ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја достави интерпелацијата за претседателот на Собранието, Талат Џафери. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изјави дека оваа интерпелација е последица на хаосот создаден во Собранието.

– Ги повикуваме пратениците да се приклучат на оваа иницијатива. Ги повикуваме пратениците на СДСМ и мнозинството, сега е време да ги тргнат настрана партиските интереси и да ги заштитат човековите права, во спротивно ќе докажат дека го оправдуваат однесувањето на Џафери, изјави Мицевски.

 

Back to top button
Close