ВМРО-ДПМНЕ: Парите од прославата за независност се транспарентно објавени, а парите од НАТО фестот, прославата на промената на името и ОБСЕ самитот завршија за Заев и Филипче да си купат јахта
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на прашањата на СДС за средствата потрошени за прославата на Денот на независноста, при што од партијата велат дека сите податоци за потрошените средства се транспарентно објавени.

„Бидејќи СДС прашува каде завршија парите од прославата за независност, одговорот ќе го добијат за секоја ставка во едночасовната прес-конференција на Владата“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека доколку СДС сака да дознае каде, според нив, завршиле средствата потрошени за организацијата на НАТО-фестот, прославата по повод промената на името и самитот на ОБСЕ, одговорот го илустрираат со фотографија од јахта, која ја поврзуваат со поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот лидер на СДС, Венко Филипче.






