ВМРО-ДПМНЕ: По Србија и Вучиќ, СДС си најде нова опсесија, сега им сметаат Унгарија и Виктор Орбан, на кои Заев како премиер јавно им се заблагодаруваше
Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си најдоа нова опсесија. Откога со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја до степен човек да не може да разликува дали се опозиција во Србија или во Македонија, сега отидоа малку на север и се фатија со Унгарија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС на чело со Венко Филипче очигледно живее во некој паралелен, измислен универзум штом со ништо друго не се занимаваат, освен со теории на заговор дека сè е против нив, небаре се центар на светот.
Или, пак, ваквата нивна илузија е нивен свесен чекор за да избегаат од реалните проблеми и состојби во самиоит СДС, само и само да не му се загрози претседателското столче на Филипче за што има сè погласни повици да си замине од партијата, која ја имаат заробено со кланот Дубаи.
Кога сме кај кланот Дубаи и Зоран Заев, го прашуваме СДС добри ли му беа Виктор Орбан и Унгарија за време на седумгодишното владеење кога реализираа многубројни средби во Македонија и Унгарија со високи делегации кога лично Заев изразуваше голема благодарност кон унгарската влада за соработка и за помошта што ѝ ја даваа на нашата држава.
Наместо да лутаат како безидејни, што и се, им препорачуваме што побргу да си погледнат во сопствениот двор и да се зафатат со решавање на внатрешните проблеми зашто никој на СДС и на Венко Филипче не им е крив за проблемите во партија, освен тие самите, кои не слушаат никого, ни членство ни поддржувачи, туку си тераат по свое





