ВМРО-ДПМНЕ: По сведоштвото на таткото на Боки 13 зошто обвинителството не ги повика Русковска и Заев на распит?

Tаткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев“, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството. Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се  вратат пасошите. Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет – велат од партијата.

Од партијата заклучуваат дека „доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможна со Вилма Русковска“.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека „по сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, главното прашање е зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит“.

 

 

 

Back to top button
Close