ВМРО-ДПМНЕ побара од Заев да ја почитува резолуцијата што ја гласаше и СДСМ

Не очекуваме ништо повеќе од тоа Заев да ја почитува резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ја предложи во Собранието, а ја поддржаа сите партии вклучувајќи ја и СДСМ, го потсетија денеска од ВМРО-ДПМНЕ премиерот Зоран Заев.

-А се друго кое што го кажува Заев, а е поврзано со прашањето со Бугарија има за цел да го дефокусира вниманието на јавноста од 14 изгорени луѓе, чијашто истрага ја попречува токму власта, ниедна друга екскурзија на Заев не смее да ја попречи истрагата.

Заев наместо да зборува за историја, која најверојатно не ја ни учел, бидејќи имал по три часа, нека почне со одговорноста на Илир Хасани и Венко Филипче, и со тоа како 14 луѓе живи изгореа, а цела влада се трга од одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

Back to top button
Close