ВМРО-ДПМНЕ побара СДСМ да се огради од Орданоски
ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДСМ и Венко Филипче јавно да се оградат од изјавите на аналитичарот Сашо Орданоски, кои, според опозициската партија, содржат говор на омраза кон САД и Доналд Трамп.
„Сашо Орданоски е долгогодишен гласноговорник и поддржувач на СДСМ. Неговите јавни настапи секогаш се во линија со ставовите на социјалдемократите, а за тоа СДСМ му се оддолжувала, како што покажува примерот со 350.000 евра добиени од Фондот за иновации за проект што е плагијат“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека СДСМ и Филипче мора јасно да ги осудат ставовите на Орданоски, бидејќи во спротивно, како што велат, ќе покажат дека стојат зад неговите изјави.