ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ одбиле да му потпишат на Ковачевски дека ќе гласаат за уставните измени

Ковачевски да излезе и да го покаже документот колку пратеници од СДСМ не му се потпишале дека ќе гласаат уставни измени, побараа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски треба да каже дали откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени за пратеници од СДС кои не се согласуваат со политиките за уставни измени, тој ги свикал на групна координација, при што побарал да потпишаат и документ дека ќе безусловно ќе поддржат уставни измени, до што не дошло затоа што споменатите пратеници не се согласиле. Залудно е префрлањето на топката во туѓ двор, кога Ковачевски не може да си го среди својот. 3 пратеници од 1 и 2 ИЕ му кажале дека нема да поддржат Уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста констатирале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која може да ја направат. Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен, велат од опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close