ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Маврово и Ростуше

По обработени над 84 отсто од избирачките места, Јакупоски убедливо води пред Анес Ахмети од СДСМ и коалицијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски пред официјално ДИК да ги затвори резултатите, веќе прогласи победа на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Онер Јакупоски во Општина Маврово и Ростуше на денешните повторени избори.

По обработени над 84 отсто од избирачките места, Јакупоски убедливо води пред Анес Ахмети од СДСМ и коалицијата.

„Честитки за новоизбраниот градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски. Благодарност за претседателот на ОК, членовите на ОК, претседателите на месни комитети како и на пратеникот кој безрезервно се вложија за овој успех. Ви посакувам успешен мандат, исполнет со мудри одлуки, одговорно лидерство и посветена работа во интерес на сите граѓани. Верувам дека со визија и искрена посветеност ќе придонесете за развојот, напредокот и благосостојба на Маврово и Ростуше“,напиша Сајкоски на Фејсбук.

Јакупоски беше повереник од власта кој ја водеше општината до денешните избори.

 

Back to top button
Close